© 2019 by Global Moto Service

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА претставува метод преку кој се прочистуваат карбон депозитите кои се таложат од страна на горивото при внатрешно согорување и на тој начин моторот работи посмирено, а цилиндрите на моторот продишуваат. Оваа пракса треба да е редовна, доколку возачите се грижат за својот автомобил или товарно возило затоа што на овој начин се намалува потрошувачката на горивото, од една страна, а од друга страна, се продолжува векот на работата на моторот.

ПРОЦЕС НА ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА

КОМПЈУТЕРСКА ДИЈАГНОСТИКА

која се спроведува со цел да се увиди точната состојба на возилото. Помината километража, начин на одржување, утврдување дали возилото е користено за градско возење или пак истото е користено за долги патишта.

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА

за комплетно чистење на издувен систем, турбина, издувна грана, свеќици, дизни, катализатор, DPF филтер, EGR вентил, сензори. Со овој тип на декарбонизација која трае 40 минути, се подобруваат перформансите на моторот, односно ги враќа перформансите на приближно фабрички проектирани, а кои се намалени во периодот на експлоатација поради насобраниот талог- гареж на деловите од моторот. Има и подобро согорување на горивото, односно намалуванје на штетните издувни гасови, не само што ја чува животната околина и ги намалува штетните ефекти од истите, придонесува драстично да се намали сервисниот интервал на деловите од издувниот систем, а тоа директно и драстично ги намалува трошоците за одржување и замена. Возилото е потребно да биде во режим на работа на гориво. По желба на клиентот, постои и продолжување на времето на декарбонизација за минимум 10 минути.

 

 

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА ТЕШКИ ВОЗИЛА

е комплетно ист процес како и кај лесните моторни возила, но се разликува во времетраењето на процедурата. Кај тешките моторни возила процесот на декарбонизација трае вкупно 90 минути.   

Исто така по желба на клиентот, постои и продолжување на времето на декарбонизација за минимум 10 минути.

 

 

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА наменета за повеќе типови на моторни возила

Глобал Мото Сервис

ул. Влае бр. 85А по мостот "Обединети Нации" (до Неуромедика)

M: contact@gms.mk

T: 070 418 418